Последна промена: 28.01.2022 16:09ч. Често поставувани прашања за соработници

1. Како да имам е-продавница на PaoPao?

Отварањето на вашата е-продавница на PaoPao е многу едноставно.

  • Прво потребно е да ја пополните формата за соработка ТУКА
  • Потоа ќе ве контактира наш агент за продажба со цел да склучите соработка
  • По склучувањето на соработка добивате ваш админ панел и може да започнете со внесување на вашите продукти 
  • Добивате url на paopao.mk со името на вашата продавница 
  • Започнувате со онлајн прoдажби!

2. Дали со соработката со PaoPao добивам своја е-продавница?

Да, вие добивате ваш админ панел и продавница во склоп на најголемиот онлајн трговски центар PaoPao.mk

3. Какви производи можам да понудам на PaoPao?

На PaoPao.mk може да се понудат производи од најразлични категории, испратете ни детали за вашиот бизнис и ќе ви предложиме кои производи се најдобри за вашата онлајн продавница!

4. Дали постои опција за плаќање на рати?

Да, плаќањето може да биде на рати, но авансната уплата е со значителен попуст.

5. Дали мора да се склучи годишен договор или може на пократок временски период?

Договорот е на годишно ниво.

6. Дали ги откупувате продуктите или ги купуваат директно од нас?

Купувачите ги купуваат продуктите директно од кај вас, од вашиот online shop на нашата платформа.

7. Дали имате своја достава?

Да, соработуваме со компанија која ги доставува производите.

8. Каде стигнуваат нарачките?

Нарачките ги следите во системот во кој имате пристап, а исто така добивате и меил кога ќе стигне нарачката.

9. Купувачите плаќаат кај вас или кај нас?

Kупувачите плаќаат кај нас, а ние ви ги исплаќаме средствата преку фактура.

10. Дали сами ги внесуваме продуктите во систем?

Да, но имаме опција и за директен импорт во системот.