Последна промена: 28.01.2022 16:10ч. Што е PaoPao?

PaoPao е резултат на 10 годишна работа и стекнато знаење и искуство. Низ годините се здобивме со знаење за сите потреби на еден е-трговец и крајниот корисник и ја креиравме визијата за Paopao. Овој Marketplace е сублимат на најдоброто од дигиталниот маркетинг и електронската трговија.

PaoPao е Marketplace од светски ранг, достапен во Македонија. Преку PaoPao секоја продавница може на брз и едноставен начин да влезе во светот на е-трговијата, а секој корисник со само еден клик да ги купи посакуваните производи.

Водени од барањата на корисниците на PaoPao платформата се достапни најдобрите глобални брендови со достава низ цела Македонија, но и локални бизниси каде може да го најдете токму производот кој ви треба.

Нашата мисија е да ја доближиме онлајн продажбата до сите со платформа која е лесна за користење и секако достапна 24/7.

Како функционира PaoPao?

За продавачи 

Оваа платформа му овозможува на секој бизнис да ги пласира и продава своите производи онлајн.

Аплицирајте за креирање на вашата онлајн продавница ТУКА, добијте обука за користење на системот и станете дел од најголемата платформа за е-трговија во државата.

За корисници

На PaoPao можете да најдете буквално сé што ви е потребно од производи, со достава до својот дом! Сакате да купите производи за домот, нега и убавина, облека и обувки, па дури најновите гаџети? Може да најдете баш сé!

Одберете го саканиот производ, кликнете купи веднаш, одберете подигнување од локал или внесете адреса за испорака и вашата нарачка е комплетирана.

Започнете со истражување!

Одберете од над 10.000 достапни производи од различни категории и брендови, направете ја вашата нарачка и очекувајте брза и сигурна достава.

За да бидете во тек со најатрактивните нови производи (а ги има многу секој ден) зачленете се на нашиот Newsletter каде ќе ве информираме за сите новости.