70mai Dash Cam A400 Предна Камера + 70mai RC09 Задна Камера, Сет

5,590 ден.

Остануваат: 2

Шифра:

4923-000451

Бесплатна достава за сите нарачки. Време потребно за достава: 2-5 работни дена по процесирање на нарачката.

70mai Dash Cam A400 + 70mai RC09 задна камера, сет

1440p QHD 70mai Dash Cam A400 паметната камера е одличен додаток за сигурност на вашиот автомобил. Снима видеа во 2560 x 1440 Quad HD резолуција со агол на гледање од 145° кој овозможува одлична покриеност на поголем простор. Новиот GC4653 сензор за слики овозможува одличен квалитет на сликите навечер и при неповолни временски услови. Дополнителни функции како WiFi, G-сензор, ноќно снимање и контрола при паркирање ќе ви овозможат удобно и сигурно возење и навечер, а вашиот автомобил ќе биде дополнително заштитен и кога е паркиран.

Со помош на WDR (Wide Dynamic Range) технологијата, A400 автоматски ја подесува рамнотежата при снимање во опкружување со помала светилна или висок контраст. Отворот F2.0 прима доволно светлина со цел сигурно возење и при лоши временски услови.

Во сетот доаѓа заедно со задна камера RC09 и со тоа овозможува двојно снимање, пред и зад автомобилот. При овој двоен начин на снимање, предната камера одржува резолуција до 1440P а задната снима со резолуција 1080P.

24 часовниот надзор и вградениот G-сензор овозможуваат непрекинат надзор. Кога автомобилот не е во движење, 70mai A400 камерата ќе премине во начин мирување а кога ќе детектира некакви вибрации ќе започне со снимање. A400 е опремена со батерија од 500mAh.

Видеозаписите се во интервали од минута (loop). Тоа би значело дека секоја нова снимка ќе ја замени постарата, но во случај на незгода или на ваше барање, ќе се активира функцијата за зачувување на потребните снимки и ќе се оневозможи автоматското бришење. Имате можност исто така да ја симнете апликацијата 70mai.

Услови за достава, замена и враќање на производи

Со купување на производ од PaoPao вие се согласувате со општите услови за достава, замена и враќање на производи.

Достава

Времето потребно за достава е наведено во секој производ и зависи од опцијата за достава која е достапна кај конкретната продавница и од опцијата која вие ќе ја одберете, односно: брза достава во Скопје, брза достава низ цела Македонија или регуларна достава низ цела Македонија.

Доставата ја врши Еко Логистик и секоја пратка може да ја следите на следниот линк.

Доколку доставата за одредена пратка ја врши компанијата истото е нагласено во производот.

Доколку доставувачот има 3 неуспешни обиди за контакт и достава на корисникот, доставата се означува како неуспешна и производот се враќа во просториите на компанијата. Доколку дојде до ваква ситуација и корисникот побара повторна достава, корисникот е потребно да ги сноси трошоците за двете достави, односно се наплаќа дупла достава

За дополнителни прашања, забелешки или поплаки можете да не контaктирате на [email protected]

Плаќање при испорака

Доколку нарачате производ од PaoPao со начин на плаќање при испорака, производот и  трошоците за доставата ги плаќате при испорака.

Доколку поради било какви причини побарате рефундација, а сте нарачале со плаќање при испорака истото може да биде извршено само на ваша трансакциска сметка односно истото не може да биде извршено во готово. 

Замена на производ

За секој производ постои можност за замена во рок од 15 дена по купувањето на производот доколку од компанијата имаат достапни залихи од истиот. Замената се врши само во случај кога производот е нефункционален, оштетен или доколку e испратен грешен производ. Производот може да биде заменет со нов само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување.

Постои можност за замена во случај производот да има соодветен квалитет, но да не му одговара на купувачот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот, или од други причини, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената ќе ги сноси Купувачот.

Доколку производот нема соодветен квалитет или му е доставен грешен или оштетен производ на купувачот, истиот може веднаш да се замени при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената ќе ги сноси компанијата од која е нарачан.

Замената се врши при достава на новиот производ.

Враќање на производ

Постои можност за враќање на производот во просториите на компанијата во рок од 15 дена по купувањето. Трошокот за поврат на производите е на сметка на купувачот. Производот може да биде вратен само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување. По враќањето на производот корисникот може да добие поврат на средствата со претходно известување на [email protected]

Доколку е нарачано со платежна картичка повратот ќе биде извршен во Grouper торбичката на профилот на корисникот или по барање на корисникот на сметката од која е извршено купувањето, а доколку е платено при испорака повратот може да биде извршен на Grouper торбичката на профилот на корисникот или по барање на корисникот може само на трансакциска сметка од корисникот.

Испорака

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локациите на "Авио Трејд"
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 10 дена од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

Our Policies

ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ

За повеќе информации и помош при купување, контактирајте не на следните броеви:

071322422

Работно време:

Пон. - Пет. (09-17ч)

Контакт

[email protected]

Одбрани производи за тебе